Бајден до Зеленски: „Покажи малку благодарност и почит“

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден едвај успеа да заврши реченица додека му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека штотуку дал „зелено светло“ за уште една милијарда долари воена помош, кога украинскиот претседател почна да ја набројува сета дополнителна помош што му е потребна, а не ја добил..

Loading...

Како што пренесува NBC, Бајден потоа ги изгубил нервите.

Тој телефонски разговор меѓу двајцата лидери бил поинаков од претходните, велат четворица запознаени со повикот.

Бајден едвај успеал да му каже на Зеленски за одобрување на нова помош, кога украинскиот претседател почнал да ја набројува сета помош што ѝ е потребна на Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

Бајден потоа ги загуби нервите, според луѓе запознаени со разговорот.

Тој, кревајќи го својот глас, рекол дека американскиот народ бил доста дарежлив и дека неговата администрација и американската војска работеле напорно за да ѝ помогнат на Украина и дека Зеленски може да покаже малку поголема благодарност, велат изворите.

Официјални лица од администрацијата на американскиот претседател велат дека односите меѓу Бајден и Зеленски само се подобриле по телефонскиот разговор, откако Зеленски издаде изјава во која ги пофали САД за дарежливата помош.

Но, овој конфликт ја одразува раната свест на Бајден дека поддршката на Конгресот и на јавноста за испраќање милијарди долари во Украина може да почне да пресушува.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите менуваат тактика, се наѕира крвава битка. „Ако не умрат тие, нашите војници ќе умрат“

Ова се случува токму во моментот кога Бајден се подготвува да побара од Конгресот да одвои уште повеќе пари за Украина, наведува NBC.

Имено, Бајден се соочува со отпор од некои републиканци и демократи кои не беа присутни кога Конгресот одобри претходни средства за Украина, пишува Нова.рс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.