Бајден: Администрацијата напорно работи на ослободување на Грајнер

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во петокот дека неговата администрација напорно работи на ослободување на затворената американска кошаркарка Бритни Грајнер од Русија.

Loading...

„Се надевам дека е така. Работиме напорно“, им рече тој на новинарите во Белата куќа откако Москва соопшти дека е подготвена да разговара за размена на затвореници, пренесе Ројтерс.

Вчера рускиот суд ја осуди Бритни Грајнер на девет години затвор, прогласувајќи ја за виновна за поседување и шверц на дрога.

Судот нареди и да плати парична казна во износ од 1 милион рубљи или 16.000 долари.

Судот во пресудата навел дека Грајнер делото го сторила намерно, иако таа рече дека направила грешка.

Кошаркарската ѕвезда на ВНБА и двократна олимписка шампионка беше уапсена во февруари на аеродромот Шереметјево во Москва, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од канабис.