Баерн откри каква е повредата на Хамес

Сподели со своите пријатели

Баерн Минхен издаде официјално соопштение за повредата на офанзивниот играч Хамес Родригез, заменет непосредно пред одморот при синоќешната победа со 5:0 над Бешикташ.

– Хамес доби истегнување во мускулот на ногата. Сметам дека повредата не е толку страшна. Ми рече дека не ги чувствува болките при евентуално кинење на мускулните влакна. Можеше да биде и полошо, прокоментира тренерот Хајнкес.

Денеска, Јужноамериканецот ќе биде подложен на детални прегледи.

Баварскиот гигант ги негираше првичните коментари дека Колумбиецот бил заменет, поради ударот со топка во главата од страна на неговиот соиграч Томас Милер во 27. минута.

При силниот шут на Германецот, топката го погоди Родригез директно во лицето./МИА

Leave a Reply