Баба Софија осомничена за низа сурови убиства почина од корона во затвор

Сподели со своите пријатели

Софија Жукова (80) од Русија, која е осомничена дека извршила најмалку три убиства, почина во затвор како резултат на коронавирусот, без да се чека пресудата.

Loading...

Жукова, пензионерка од Березовка, беше обвинета за убиство на маж во јануари 2019 година, кому претходно му изнајмила соба.

Неговото тело, во делови, беше пронајдено недалеку од куќата во која живеела Софија, пренесуваат локалните медиуми.

Понатамошната истрага утврдила дека баба Софија е најверојатно одговорна за уште две убиства во регионот Хабаровск.

Се верува дека во 2005 година убила и искасапила осумгодишно девојче, а во 2013 година дека искасапила жена (77) која живеела во нејзината куќа.

Софија беше обвинета дека своите жртви ги убила со секира, а нивните тела потоа ги касапела и фрлала недалеку од нејзината селска куќа.

Психијатрите откриле дека Софија била разумна за време на злосторството.

Таа починала без да ја чека пресудата.

Loading...

Leave a Reply