13.07.2019 07:47

Баба повикала Итна помош па го допирала болничарот за „машкоста“ (ВИДЕО)


Кристин Роулс (68), пензионерка од Фликстон, Манчестер, Велика Британија, запишана е во регистарот на сексуални престапници затоа што го допирала болничарот за машкоста со прашањето „колкав ти е?“.

Таа повикала Итна помош затоа што и било лошо, а додека болничарот се обидувал да и го измери притисокот, таа со рака преминувала преку неговите интимни органи.

loading...

Болничарот, кој сакал да остане анонимен, на судот во манчесетер раскажал дека и ја турнал раката, но таа се нафрлила на неговите гради. Кога не и дозволил, му рекла дека е отпуштен.

Инцидентот се случил во април минатата година во стан за бездомници, каде таа била сместена, а полицијата дури пред неколку дена ја привела. Кристина рекла дека не се чувствува за виновна, а поради губење на памтењето и проблеми со алкохолот, испратена е на вештачење.

Ова не е прв пат бабичката да прави проблеми и полицијата да мора да интервенира. Бидејќи пијана постојано се јавувала во Итната помош, тоа и било забрането.

Иако е во подоцнежни години, судот наредил да биде привремено запишана во регистарот на сексуални престапници, заедно со педофили и силувачи, додека не дојдат наодите од психолошкото вештачење.

Болничарот ја познава од претходно затоа што Итната помош повеќе пати доаѓала на нејзините повици. Тој и колегата влегле во станот по неа и се сместиле во дневната соба за да ја прегледаат, пишува „Manchester evening news“. Болничарот раскажал дека седнал спроти неа и нејзината дланка ја ставил на своето колено за да и го измери притисокот.

– Таа ја сврте раката и ме фати за колено, на што и реков дека тоа е недолично. Ја тргнав раката од коленото и се обидов да и објаснам дека такво однесување е недозволиво. Таа на тоа одговори така што ме фати за препоните и праша колку ми е голем. Морав физички да ја отргнам од себе, објаснил тој.

Двајцата се спакувале да си заминат, додека Кристина им упатувала пцовки, а потоа го фатила заградниот кош.

Таа демантира.

loading...

– Не се обидов да го фатам за препони, ниту бев непристојна, рекла таа.

Властите велат дека Кристина повторно ќе мора на суд следниот месец, кога ќе се заврши вештачењето.

Image by Alina Kuptsova from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments