Азиските берзи во пораст

Сподели со своите пријатели

На азиските берзи цените на акциите пораснаа, на тој начин следејќи го вчерашниот раст на Волстрит, но тргувањето е неизвесно бидејќи растот на најголемите светски економии забавува.

Loading...

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во плус 0,4 отсто за околу 7 часа и се движи недалеку од најниските нивоа во последните две и пол години.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 1,2 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто.

На самиот почеток на тргувањето, азискиот MSCI падна на најниското ниво од април 2020 година, но подоцна ги врати загубите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Пазарите се поддржани од вчерашниот значителен раст на берзанските индекси на Волстрит, втор ден по ред.

Dow Jones зајакна за 1,34 отсто, додека S&P 500 порасна за 1,19, а Nasdaq индексот за 0,86 отсто.

„Податоците покажуваат дека економијата забавува“

Најновите макроекономски податоци покажуваат дека растот на најголемата светска економија забавува, што значи дека наскоро треба да се намалат инфлаторните притисоци.

А тоа, пак, покажува дека напорите на американската централна банка даваат резултати.

Loading...

„Податоците покажуваат дека економијата забавува и дека она што го прави Банката на федерални резерви се исплати.

Сепак се проценува дека ФЕД повторно ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени на седницата на почетокот на ноември, четврта сесија по ред. Но, во декември зголемувањето би можело да биде поблаго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скокнаа цените на нафтата откако Израел го нападна Иран

По вчерашниот остар пад, утрово пораснаа и кинеските берзи.

Но, инвеститорите се многу внимателни бидејќи стравуваат дека новите луѓе во опкружувањето на претседателот Си Џинпинг, кои неодамна беа избрани на Конгресот на Комунистичката партија на Кина, ќе се залагаат за цели кои не се погодни за приватното претприемништво.