Азиските берзи благо пораснаа

Сподели со своите пријатели

На aзиските берзи цените на акциите благо пораснаа, а доларот ослабе во однос на кошницата валути додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.

Loading...

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во плус 0,4 отсто за околу 7 часа.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 1,2 отсто. Во Хонг Конг, сепак, тие благо паднаа.

Јужнокорејскиот индекс Коспи утринава скокна, што најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите по падот пет дена по ред.

На берзите има претпазливост, како и вчера на Волстрит, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат во пресрет на извештајот за инфлацијата во САД, кој ќе биде објавен денеска и кој би можел значително да влијае на насоката на пазарот.

Инфлацијата се лизна

Економистите проценуваат дека стапката на инфлација се лизна на 3,3 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

Но, оценуваат и дека основната стапка на инфлација, од која се исклучени цените на енергијата и храната, останала непроменета.

Во последните недели цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки, иако ФЕД вели дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Loading...

„Податоците за инфлацијата, како и податоците за вработеноста, се главни двигатели на финансиските пазари долго време, бидејќи покажуваат што може да направи ФЕД. Пазарот проценува дека ФЕД нема повторно да ги зголеми каматните стапки, но тоа да биде вистина , инфлацијата мора да продолжи да слабее“, објаснува Мет Стаки, портфолио менаџер во Northwestern Mutual Wealth Management Company.

Акциите беа поддржани од надежите за напредок во преговорите за отворените економски прашања меѓу САД и Кина на состанокот оваа недела меѓу претседателот Џо Бајден и Си Џинпинг во Сан Франциско.