Меѓу најголемите мистерии на модерното време, многу експерти го вклучуваат потопениот град Дварка во Индија.
Нема одговор на прашањето кој ја градел Дварка во античко време и како завршила под морето.
Населбата на импозантни згради се наоѓа на 36 метри под вода, а првото сериозно научно истражување датира од 1979 година.
Sunken Dwarka! The kingdom of shree Krishna! Where history meets reality, just like Ramsetu this is also a bright example of our Sanatan Dharma, it is still in the sea at Kathibar, west coast of Gujarat, due to many doors, this city was named Dwarka.. pic.twitter.com/0oZIFecAjh
— Voyager? (@voyagerstrail) January 22, 2021
И од тогаш до денес, продолжуваат полемиките за тоа кој и кога го изградил овој град и зошто е сега под вода?
Нема валиден одговор на ниту едно од овие прашања. Имено, научниците прво тврдеа дека Дварка е направена околу 526 година п.н.е. Потоа го поврзаа со Александар Велики, неговата кампања во Индија и изградбата на утврдени градови. Потоа, со најновата студија со употреба на методот јаглерод, тие откриле дека е стар најмалку 10.000 години!
Името Дварка значи „Златен град“ и според толкувањата на некои индиски истражувачи, лесно е да се поврзе со легендите пренесени од епот „Махабхарта“ и дека е подигнат во чест на хиндуинското божество Кришна.
Сепак, тие исто така немаат одговор на прашањето како овој град, чија најдолга страна, цели осум километри, била направена од гранитен камен во тоа време, и како завршил под вода?
Во јануари 2017 година, Одделот за подводна археологија на Индискиот институт за истражување ги пронајде sидовите на тврдината на овој град.
Притоа, тие биле изработени од ист материјал како и повеќето згради и биле дел од една целина, што уште повеќе ги збунува научниците. Зошто? Бидејќи делови од масивната карпа биле пронајдени на неколку километри оддалеченост! Пронајдени се и бројни скулптури од камен, бронза, накит.
Градот имал правилно уредени згради, улици, плоштади. Оние кои мислат дека ова е градот опишан од „Махабхарта“, веруваат дека другите делови од градот, кои според традицијата имале 900.000 градби, ќе бидат откриени!
Кралската палата била направена од бел мермер, украсена со злато, сребро… Патем, во Индија има неколку антички градови со исто име.