Азербејџански војник загина на границата со Ерменија

Сподели со своите пријатели

Азербејџански војник загина синоќа на границата со Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Loading...

Во соопштението се наведува дека војникот „Асиф Алиев е убиен во текот на ноќта на 8 декември, за време на уште една провокација на јеменските сили“.

Се додава дека инцидентот се случил во областа Келбајар на границата на двете земји, пренесува ТАСС.

Ситуацијата на границата меѓу двете земји се влоши во ноември, а двете страни известуваат за вооружени инциденти.

Ерменија побара помош од Русија на 16 ноември, откако објави дека 15 нејзини војници загинале во судирите на границата.

Истиот ден по телефонски разговори со колегите од Ерменија и Азербејџан, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека двете земји презеле мерки за стабилизирање на ситуацијата на границата, но оттогаш се случиле уште неколку инциденти.