Азербејџан инвестира 1,3 милијарди долари во обновата на Карабах

Сподели со своите пријатели

Азербејџан планира да вложи 1,3 милијарди долари во работите за обнова на териториите во Нагорно Карабах, кои беа под контрола на Баку, се наведува во предлог-буџетот за 2021 година.

Loading...

– Планирано е да се потрошат 2,2 милијарди манати за финансирање на обновата на ослободените територии, наведува Министерството за финансии во нацрт-буџетот, додавајќи дека средствата ќе бидат потрошени за изградба на модерна инфраструктура во населените места и за обнова на историските и културните споменици.

На почетокот на ноември беше потпишано примирје по обновените конфликти меѓу Азербејџан и Ерменија во регионот Нагорно Карабах, според кое двете страни ги задржуваат позициите што ги имаа.

Тогаш Баку доби контрола над неколку области.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply