Автопатот на смртта се однесува на патот помеѓу Кувајт и Бисра на кој е повлекувана ирачката војска нападната од страна на американските авиони за време на Заливската војна, во ноќта помеѓу 26 и 27 февруари 1991 година.
Кога ќе помислите на големите воени злосторства, ѕверските дела за време на војната кон почетокот на деведесеттите години од минатиот век често тие се меѓу првите.
Еден од најголемите воени злосторства од тоа време го направиле американските воени трупи против ирачките војници, кои се повлекувале. Денес овој воен инцидент е познат под името „Автопат на смртта“, а се случил во февруари 1991 година кога Ирак се согласил со предлог на Советскиот Сојуз да ги повлече своите воени трупи од Кувајт. Администрацијата на Буш одбивала да поверува дека Ирак навистина ги прифатил условите.
Западните новинарски извештаи го нарекле автопатот 80 и тој оди од Кувајт Сити до пограничните места Абдали (Кувајт) и Сафван (Ирак), а потоа до Басра. Патот е поправен за време на доцните деведесетти години и користен во почетна фаза за инвазија на Ирак во 2003 година.
Нападите се одвивале на две различни места: на 1.400 возила на главниот автопат северно од Ал Џахра и на околу 400 на блискиот пат кон Басра. Првата била составена претежно од цивилни возила, а втората од воени. Кога го посетиле новинарите, првата колона била долга непрекидна линија на оштетени и напуштени возила. На вториот пат, возилата биле уништувани на многу пошироко подрачје и во помали групи.
Нападот поради кој патот познат по злото станал стар предмет на контроверзност, со некои коментари кои тврдат дека била употребена претерана сила, дека ирачките сили се повлекувале и дека колоната вклучувала и многу бегалци. Иако ниту еден репортер не бил присутен за време на акцијата, а амедиумските исвештани не се појавиле скоро месец дена, фотографиите направени подоцна покажале драматични сцени од запалени или уништени автомобили.
Групите за заштита на човековите права го означиле настанот како воен злочин од голем интензитет, намерно бомбардирање каде бегајќи од ирачката војска биле заглавени во сообраќаен метеж. САД наведувале дека само неколку ирачки војници биле пронајдени во олупините.
Други анализи го процениле бројот на мртви од најмалку 800 до 1.000 лица, но отфрлени се цифрите кои вклучувале скоро 10.000 жртви.