Автомобил утрово удри во вратата на руската амбасада во Букурешт, Романија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Инцидентот се случил околу 6:30 часот по локално време, јави ТАСС, повикувајќи се на Радио Романија. Според радиостаницата, автомобилот после тоа се запалил, пренесува ТАСС.
Шанел ја ограничува продажбата на своите производи на Русите во странство
Според полицијата, возачот починал, јави руската државна новинска агенција.
Сообраќајот е ограничен на улицата каде што се наоѓа амбасадата, а полицијата ги истражува причините за инцидентот, се додава во извештајот.
A car crashed into the #Russian Embassy building in #Bucharest, #Romania; after the collision the car caught fire. According to local media, the driver died. pic.twitter.com/Ttwud49eqU
— NEXTA (@nexta_tv) April 6, 2022