Автомобилот на Бајден е бункер со четири тркала (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателскиот автомобил „Кадилак 1“, кој уште го нарекуваат и „ѕвер“, според неговите карактеристики е еден вид бункер на четири тркала.

Loading...

 

 

Автомобилот на претседателот на САД Џо Бајден е опремен со најсовремен електронски систем и сателитски телефон, што му овозможува на претседателот постојан, директен контакт со неговиот заменик и Пентагон и контрола на воените и нуклеарните потенцијали на земјата.

Автомобилот е отпорен на можен хемиски напад, оган и мини, благодарение на  оклопот дебел 13 сантиметри. Тежи осум ипол тони и е направен така што не може да се преврти во случај на судир.

„Кадилак 1“ е опремен со специјален систем за ноќно возење што овозможува безбедно движење со исклучени фарови, со полна брзина и во целосен мрак.

Гумите се направени од специјален материјал и се отпорни на ракетен напад, а направени се така што доколку се неупотребливи во случај на оштетување, автомобилот може да продолжи да вози,

Loading...

Прозорците на автомобилот се направени од пет слоја, со вкупна дебелина од 13 сантиметри, но не може да се отворат, освен оној до возачот.

Претседателскиот автомобил има турбо дизел мотор од 6.600 кубни метри, но поради тежината не може да развие брзина поголема од 100 километри на час.

Троши литар гориво на секои 500 метри, а резервоарот е направен од огноотпорен материјал.