Автомобили без возачи пристигнуваат годинава на улиците

Сподели со своите пријатели

Автономните возила ќе се појават на британските патишта во текот на оваа година, објави британското Министерство за транспорт.

Loading...

Таквите возила, кои можат да ја препознаат околината во која се наоѓаат и да се движат низ неа со многу малку или без човечка контрола, ќе бидат дозволени по побавни патишта и ќе достигнат брзина до 59 километри на час, соопшти Министерството, пренесува Хина.

Министерството посочува дека оваа технологија може да ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што ќе има помалку човечки грешки, кои сочинуваат 85 проценти од несреќите.

Автономната технологија за возење во автомобили, автобуси и возила за испорака исто така може да го намали метежот во сообраќајот, бидејќи сообраќајните сигнали и возилата ќе комуницираат во живо, правејќи го сообраќајот побрз и намалување на емисиите, соопшти Министерството.

„Ова е огромен чекор кон безбедна употреба на автономни возила во Обединетото Кралство, што ќе го направи идното патување позеленето, полесно и посигурно“, рече министерката Рејчел Меклин.

Leave a Reply