Автомобил удрил 76-годишна кумановка, возачот избегал

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил кој го напуштил местото на незгодата.

Loading...

– На 12.10.2023 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Доне Божинов“ и ул.„Фетка Наскова“ во Куманово, патничко моторно возило удрило во  С.Ц.(76) од с.Горно Којнаре, кумановско, по што го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила С.Ц, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски