Автомобил излета од пат во Куманово, двајца повредени

Сподели со своите пријатели

Патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од село Ваксинце, општина Липково, вчера околу 17:20 часот на булеварот „3-та МУБ“ во Куманово излетало од коловозот и удрило во жардињера.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од село Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply