Автомобил изгоре на „Трета МУБ“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патнички автомобил вчера бил опожарен на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово.

Loading...

– На 24.11.2022 година во 15.07 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „волво“, информираат од Секторот за внатрешни работи куманово.

Од полицијата додаваат дека во инцидентот нема повредени лица, а сопственикот на возилото не барал да се изврши увид.

Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, од каде информираат дека во период од 15:00 до 15:30 часот интервенирале петмина пожарникари.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа