Автобуски сообраќај повторно преку мостот на Крим

Сподели со своите пријатели

Автобускиот сообраќај повторно се одвива преку мостот на Крим, кој до денеска беше отворен само за автомобили, соопшти руското Министерство за транспорт.

Loading...

„Утринава се обновени автобуските линии во двата правци. Претходно автобусите користеа траекти. Сега патниците можат да го преминат мостот на Крим со автомобил, воз и автобус“, соопшти Министерството, пренесува агенцијата ТАС С.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Како резултат на тоа, двете патни делници на Кримскиот мост делумно се урнаа, но лачните носачи не беа оштетени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан е сигурен: Конфликтот во Украина ќе заврши следната година

Четири лица загинаа, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот што го оштети мостот на Крим стојат украински специјални служби.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.