02.12.2016 11:09

Автобус усмрти пешак на патот Крива Паланка – Куманово


Автобус со софиски регистерски ознаки, синоќа околу 20 часот, на магистралата Крива Паланка-Куманово удрил и го прегазил пешакот М.Г. (1963) од кривопаланечкото село Гиновци, објави порталот ПлусИнфо.

Полицијата извести дека возачот на автобусот С.С. (1978) од Софија е задржан во станица и се чека одлуката на судија во претходна постапка дал ќе му одреди притвор. По наредба на јавен обвинител телото на покојниот е однесено за обдукција.

Возачот на автобусот С.С. (1978) од Софија е задржан во станица и се чека одлуката на судија во претходна постапка дал ќе му одреди притвор.

ПлусИнфо


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments