Автобус излета од автопат во Хрватска, неколку загинати

Сподели со своите пријатели

Неколку лица загинаа, а околу 40 лица се повредени кога автобус со полски регистарски таблички излета од автопатот во Хрватска.

Loading...

Несреќата се случила утрово околу 5:40 часот, на автопатот А4 во правец кон Загреб (меѓу Јарек Бисаски и Подворец).

„Според досегашните информации, во сообраќајната несреќа загинале неколку лица, а поголем број се тешко повредени“, соопшти хрватската полиција, пренесува Н1 Загреб.

Причините за несреќата се утврдуваат, а полицијата претпоставува дека возачот заспал на воланот, пренесува Јутарњи лист.