Австрија протерuva четворица руски дипломати

Сподели со своите пријатели

Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

Loading...

Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им беше наредено да ја напуштат земјата до 8 февруари.

Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското министерство.

Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении