Преку различни мерки, пред се преку диверзификација, Австрија значително ја намали зависноста од руски гас од претходните 79 отсто на 21 отсто, соопшти австриското Министерство за енергетика.
Според регулаторното тело Е контрола, уделот на рускиот гас во февруари изнесувал 79 отсто, а Австрија, како што се наведува во соопштението, успеала да ги замени испораките од Русија кои сега изнесуваат 21 отсто.
Така, Австрија изнајми 40 терават часови капацитет на гасовод за Германија и Италија.
Тоа ѝ овозможи да увезува гас од Норвешка, како и течен гас и помали количества гас од Северна Африка и Централна Азија.
„Направивме огромен чекор во ослободувањето од зависноста од рускиот гас“, рече министерката за енергетика Леоноре Гевеслер, која им се заблагодари и на граѓаните за заштедата на енергија.
„Сè уште не сме стигнале до крајот на патот, да бидеме целосно независни, бидејќи ќе бидеме само кога ќе можеме целосно да се справиме без рускиот гас“, објасни таа.
Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.