Во Австрија продолжува позитивниот развој на пазарот на трудот, а бројот на невработени се намалува и покрај војната во Украина и рекордните поскапувања.
На крајот на јули во Заводот за вработување (АВМ) како невработени се евидентирани вкупно 296.647 лица.
Ова е за 47.292 помалку од јули минатата година, соопшти Министерството за труд.
Истовремено, сѐ уште е голем бројот на слободни работни места, кој на крајот на јули изнесуваше 137.826.
Со 5,6 отсто, стапката на невработеност е најниската вредност во јули од 2008 година.
„Во долгорочна споредба, нашиот пазар на труд се покажа како многу издржлив“, рече министерот за труд и економија Мартин Кочер.
Сепак, тој предупреди дека ситуацијата може да се влоши во наредните месеци.
Тој вели дека мора да се тргне од фактот дека руската агресија врз Украина и нејзините економски последици ќе имаат негативен ефект врз пазарот на трудот.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.