Австралискиот премиер ги повика САД да го ослободат Џулијан Асанж

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Ентони Албанес изјави денеска на парламентарна седница дека лично ја повикал американската влада да го прекине кривичното гонење на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е австралиски државјанин.

Loading...

Албанес одговараше на прашање на независен член на парламентот, кој рече дека слободното новинарство е во јавен интерес и „е суштинско за демократијата“ и додаде дека слободата на Асанж „ќе дојде само како резултат на политичка интервенција“, пренесува АП.

„Морам да ги уверам пратениците дека јас лично ја иницирав оваа дискусија со претставниците на американската влада“, одговори Албанес и додаде:

„Мојот став е јасен и јасно ѝ е дадено на американската администрација дека е време да стави крај на ова прашање“.

Албанес не кажа дали тој го иницирал разговорот со американскиот претседател Џо Бајден, на средбата на Бали пред две недели или со други американски претставници.

Џулијан Асанж, австралиски државјанин, е задржан во затворот Белмарш во Лондон, бидејќи САД се обидуваат да го екстрадираат за да му се суди по обвиненијата поврзани со објавувањето на стотици илјади тајни документи за војните во Авганистан и Ирак, како и за дипломатски кабли.