Австралија: Пронајдена дрога вредна 1,1 милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, позната и како кристал мет, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, која била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголема заплена на наркотици во земјата.

Loading...

Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс (NSW), пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Несреќа или саботажа: Кој е виновен за дефектот во австриската рафинерија?

Во последната заплена пронајдени се нешто повеќе од илјада килограми метамфетамин, соопшти денеска полицијата, откако минатата недела биле запленети околу 750 килограми кристал мет или „мраз“ како што ја нарекуваат и оваа дрога, соопшти полицијата.

– Способноста што ја покажа оваа криминална организација по обем и големина е огромна. Овие бројки се запрепастувачки – изјави полицаецот од Нов Јужен Велс Џон Вотсон за време на прес-конференција.

Тој изјави дека сите пратки потекнуваат од регионот на Блискиот Исток со идентични детали за двете заплени на дрога.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ураганот Иан нова катаклизма што ги зголемува цените

Исто така, беше објавено дека не е покренато обвинение во врска со последната заплена, но дека полицијата уапсила тројца мажи за дрогата што била пронајдена минатата недела.

Во одделен инцидент, полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека уапсила четири лица откако пронашла кристал мет и кокаин во вредност од околу 155 милиони австралиски долари скриени зад фаровите на стар автомобил Бентли испорачан од Канада, според Ројтерс.