Австралија купува подморници, подводни мини, а сака и невидлив бомбардер

Сподели со своите пријатели

Австралија денеска соопшти дека ги забрзува плановите за купување напредни морски мини за да ги заштити своите поморски патишта и пристаништа од, како што вели, потенцијалните агресори.

Loading...

Таканаречените паметни морски мини се способни да разликуваат воени цели и други видови бродови, изјави портпаролот на австралиското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

Весникот „Сиднеј морнинг хералд“ денеска објави дека Канбера ќе потроши до 698 милиони долари за набавка на високотехнолошки подводно оружје.

Австралиската влада наскоро ќе објави договор за купување морски мини од европски производител на оружје, пишува весникот, повикувајќи се на неименувани извори од одбранбената индустрија.

Кина планира да го зајакне своето присуство во Пацификот и минатата година склучи безбедносен пакт со Соломонските Острови, што предизвика загриженост во САД и Австралија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија: Термоелектраните на јаглен не престануваат со производство до 2030 година

Австралија се обидува да ги зголеми трошоците за одбрана во последниве години, вклучително и договорот во 2021 година за купување нуклеарни подморници од САД и Велика Британија.

Покрај тоа, Австралија изрази интерес за новиот американски стелт бомбардер Б-21.