Австралија ја укинува „златната виза“ за инвеститорите

Сподели со своите пријатели

Австралиските власти донесоа одлука за укинување на таканаречената „златна виза“ која на богатите странски инвеститори им даде право легално да престојуваат и да живеат во земјата.

Loading...

Првично дизајнирана за привлекување странски инвеститори, визата ќе биде укината по прегледот и заклучокот на владата дека мерката има „лоши економски резултати“, јавува Би-Би-Си.

Критичарите долго време тврдат дека шемата била користена од корумпирани странски функционери за да „обезбедат проток на недозволени средства“, поради што овој вид визи ќе биде заменет со визи за висококвалификувани работници.

Илјадници визи за значајни инвеститори (SIV) се издадени преку оваа програма од 2012 година, а според владините податоци, 85 отсто од нив биле деловни луѓе од Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Кандидатите за „златна виза“ мораа да инвестираат повеќе од пет милиони австралиски долари за да се квалификуваат, но по повеќе анализи, владата утврди дека оваа шема не ги исполнува нејзините основни цели, пренесува Танјуг.