Австралија инвестира во зајакнување на својата морнарица

Сподели со своите пријатели

Властите во Австралија денеска објавија дека ќе ги зголемат трошоците за одбранбениот систем за дополнителни 11,1 милијарди австралиски долари (околу 7,25 милијарди американски долари).

Loading...

Според австралиските власти, во следната деценија се планира набавка на шест воени бродови и 11 нови фрегати, со цел двојно да се зголеми капацитетот на поморските формации подготвени за борбени задачи.

Австралија планира да ги зајакне своите одбранбени капацитети во услови на загриженост поради зголемените глобални геополитички тензии и зголеменото влијание на Кина меѓу некои островски земји во Тихиот Океан, според Ројтерс.

Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс рече дека планот на владата на крајот од процесот ќе придонесе за зголемување на борбената флота на морнарицата, најголема од крајот на Втората светска војна.

„Она што е критично важно да се разбере е дека гледаме напред во неизвесен свет каде што се натпреваруваат големите сили. До 2030-тите, ќе имаме значително поголеми борбени способности отколку што ги имаме денес“, рече Марлс на прес-конференција.