Австралија и Британија повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Министрите за надворешни работи и одбрана на Велика Британија и Австралија денеска повикаа на итен прекин на борбите во Појасот Газа по состанокот во Аделаида, јужна Австралија.

Loading...

Во заедничката изјава министрите ја истакнаа потребата веднаш да се прекинат борбите во Појасот Газа „за да се овозможи испорака на (хуманитарна) помош и ослободување на заложниците“.

Велика Британија е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, кој денес би; требаше да гласа за резолуцијата на САД со која се повикува на „итен прекин на огнот“, пренесува Бета-Франс прес.

Во заедничката изјава, Лондон и Канбера, исто така, ја осудија, како што ја нарекоа, „големата, нелегална и неодговорна руска инвазија на Украина“ и ја повикаа Москва да ги повлече своите воени сили.

„Министрите ги повикаа сите кои имаат блиски односи со Русија, особено со Кина, да не ѝ помагаат на Русија на кој било начин да ја продолжи војната и да ја убедат да стави крај на овој незаконски конфликт“, се вели во заедничкото соопштение.