Австралија го живее најтоплото лето во историјата

Сподели со своите пријатели

Австралија оваа година го искуси најтоплото лето било кога, соопштуваат од тамошното национално метеоролошко биро.

Loading...

Ширум земјата се пробиени повеќе температурни рекорди во последните три месеци. Топлото време со 2,14 степени над просекот предизвикало шумски пожари, прекини на струјата и зголемен број хоспитализирања. Освен луѓето и животните платиле висока цена од масовното умирање на дивите коњи, поморни риби и лилјаци.

– Она што особено се издвојува како секој врел бран бил рашиен и пролонгиран, рекол климатологот Блер Тревин за ВВС.

Температурата го надминала претходното рекордно најтопло лето од 2012/2013 година за скоро еден степен. Долгорочната просечна летна температура во Австралија е 27,5 степени.

Погоден е и секој дел од државата, но најлоши минале Јужна Австралија, Викторија и Нов Јужен Велс.

Образецот за најтопли сезони е во рамки со глобалните климатски промени, велат метеоролозите.

Надлжените потврдуваат дека 2018 и 2017 година биле трета и четврта најготпла година било кога регистрирани во Австралија.

Дури и ако глобалната температура биде ограничена на ниво кое е договорено во Париз од два степени над прединдустриското ниво, научниците веруваат дека Австралија ќе се соочи со опасна „нова нормалност“.

Loading...

Leave a Reply