Австралија: Ајкула касна за нога сурфер, затворени неколку плажи

Сподели со своите пријатели

Неколку популарни плажи во Западна Австралија се затворени откако ајкула касна за нога на сурфер.

Loading...

Нападот се случил во понеделникот малку пред 9 часот по локално време, пишува Дејли Мејл.

Сурферот, кој има околу 20 години, успеал да доплива до брегот каде му била укажана прва помош.

Се сомнева дека бил нападнат од голема бела ајкула.

Тој е префрлен во болница, тој е во стабилна состојба и не му е загрозена животот.

Шокираните капачи за медиумите изјавиле дека сурферот имал голема среќа и дека можело да биде полошо.

„Изгледаше смирен кога стигна до брегот и побара помош во блиското кафуле“, изјавија очевидци.

По нападот, неколку плажи биле затворени, а капачите биле советувани да бидат внимателни.

Loading...