Австраија со посебни упатства како да се однесувате во близина на крава

Сподели со своите пријатели

Австрија се гордее со своите зелени алпски пасишта по кои планинарите можат слободно да шетаат меѓу крави кои таму пасат. Меѓутоа, поради инцидент во кој стадо уби турист, владата издаде насоки за посетителите кои не знаат како да се однесуваат со животните.

Loading...

Австриските власти сакаат туристите да имаат на ум неколку работи кога се наоѓаат во Алпите или шетаат по било кое подрачје каде можат да наидат на домашно животно кое слободно се движи.

Дали би требало да се плашам од крави?

– Во основа кравите не се опасни животни, но планинските пасишта не се зоолошки градини со животни кои можат да се галат, вели австриската министерка за туризам Елизабет Костингер, која пораснала на фарма.

Австрискиот Одбор за безбедност во Алпи забележал 54 инциденти со говеда со две човечки жртви во последната деценија. Треба да се земе предвид дека во тој период Алпите биле посетени од 30 милиони планинари.

Планинарите не смеат да ги хранат животните или да содаваат голема бучава затоа што тоа ќе ги исплаши. Исто така би требало да останат на обележаните патеки. Ако добиток го блокира патот, никогаш не би требало да одите низ стадото туку да го заобиколите.

Loading...

Што може да ги разлути кравите?

Крабите сакаат да ги заштитат своите млади, особено кога во близина ќе им се најдат кучиња. Поголемиот дел од инцидентите меѓу луѓето и добитокот вклучуваат кучиња кои планинарите ги повеле со себе.

Сопствениците на кучиња би требало да ги држат своите  миленици на краток поводник, но мора да ги пуштат од поводникот ако кравите почнат да се однесуваат агресивно, стои во насоките.

Кучињата се многу побрзи од кравите и лесно можат да избегаат, вели претседателот на Австралискиот алпски клуб Андреас Ермакор.

– Кравите тогаш ќе потрчаат по кучето, а не по човекот, додал Ермакор кој често планинари со своето куче.

Како ќе знам дали кравите се лути?

Loading...

Животните покажуваат дека се раздразнети со кревање и спуштање на главата, удирање со нозе и треперење.

Како да останете безбедни ако кравите се доближат?

Најдобро е да останете мирни и да им се тргнете од патот, но не им свртувајте грб за да во секој момент можете да видите што прават, советува Министерството за туризам.

Главното правило на Алпите е да ги почитувате луѓето кои таму работат, природата и животните.

Leave a Reply