21.02.2017 01:00

Авион со пет лица се сруши во шопинг центар во Мелбурн


Мал патнички авион во кој се превезувале пет лица се срушил во шопинг центар во близина на аеродромот во околината на Мелубр, Австралија, соопштиле тамошните власти кои велат дека бројот загинати засега се уште не е дефинитивно познат, пренесуваат светските медиуми.

Чартер летот бил на линијата Кинг Ајленд – Бас Стрејт измеѓу австралиското копно и јужниот дел од Тасманија и требал да слета на Есендон аеродромот. Според полициските избори авионот се срушил во 9 часот наутро по локално време (11 часот по македонско време), еден час пред да се отвори трговскиот центар.

Падот на авионот, според надлежните од австралискиот аеро-сервис не предизвикал проблеми во одвивањето на воздушниот сообраќај во државата.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments