Авион на НАТО го следел проектилот кој падна врз Полска

Сподели со своите пријатели

Авион на НАТО кој летал над полскиот воздушен простор во вторникот следел проектил кој паднал на земја, изјави во вторникот за Си-Ен-Ен воен претставник на Алијансата.

Loading...

„Податоците со радарските траги (на проектилите) се доставени до НАТО и Полска“, додаде воен претставник на НАТО.

Авионите на НАТО вршат редовен надзор околу Украина од почетокот на руската инвазија.

Авионот кој во вторник прелета над Полска ги следеше настаните во Украина.

Претставникот на НАТО не кажа кој ја лансирал ракетата, која ја следеле, а која паднала во Полска, ниту од каде била истрелана.

Според полското МВР, ракети од руско производство паднале во вторник во селото Пржеводово, при што загинале двајца полски државјани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПВО системот „Патриот“ ќе биде инсталиран во Полска, а не во Украина

Претседателот Анджеј Дуда во ноќното обраќање до медиумите рече дека во моментов немаат докази кој го лансирал проектилот и дека истрагата е во тек.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „малку веројатно“ ракетата што падна во Полска да била лансирана од Русија.

Loading...