Авион на американските маринци кој летал на дождливо време ја промашил пистата во воената база на Хаваи и слетал во заливот Канеохе.
Сите девет членови на екипажот се неповредени, соопштија денеска властите.
Крајбрежната стража одговори на повикот за помош, но спасувачките операции набрзо беа прекинати синоќа, бидејќи се чини дека сите инволвирани се спасени, изјави портпаролот на крајбрежната стража Рајан Фишер.
Портпаролот на Маринскиот корпус, наредникот Орландо Перез изјави дека нема информации зошто P-8A Poseidon ја пропуштил пистата на воздушната станица на Маринскиот корпус на Хаваи.
Снимката од очевидци го покажува авионот во вода во близина на брегот.
Противпожарната служба во Хонолулу добила повик за авионската несреќа веднаш по 14 часот по локално време, изјави портпаролот.
Времето беше облачно и врнежливо, а видливоста беше околу 1,6 километри, изјави метеорологот Томас Вон од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.
Базата на Маринскиот корпус на Хаваи е на околу 10 милји од Хонолулу на островот Оаху.
Во базата има околу 9.300 воени лица и 5.100 членови на семејството. Тоа е една од клучните воени инсталации на островот Оаху.
Базата гледа на заливот Канеохе, богат со корални гребени и дом на ајкули. Таму се наоѓа и Институтот за истражување на морска биологија на Универзитетот на Хаваи.
NEW: A U.S. Navy P8-A Poseidon plane overshoots runway, landing in Kaneohe Bay, Hawaii.
The incident happened at 2 p.m. Hawaii Time, and the military aircraft is currently floating in the ocean.
All nine people on board the aircraft survived and swam to the shore.
The… pic.twitter.com/PTguegrDsw
— KanekoaTheGreat (@KanekoaTheGreat) November 21, 2023