Авио компанија се извини бидејќи објавила на кое седише е најголема веројатноста дека ќе умрете
Авио компанијата КЛМ е на удар на критики затоа што објавила твит во кој објаснува на кои места во авионот „најпрвин“ ќе умрете доколку дојде до авионска несреќа.
Авио компании кои во седиштата имаат вградено камери
Во објавата, која сега веќе е избршина, КЛМ Индија пишува за веројатноста да умрете во зависност од тоа на кое место седите.
– Според податоците на студија спроведена од Тајм, стапката на смртност на средината на авионот е најголема. Стапката на смртност за седиштата во предниот дел е незначително помала и најмала за седиштата во последната третина од авионот, се наведува во објавата.
Тоа всушност значи дека седиштата во задниот дел на авионот се најбезбедни, пренесува „Индепендент“.
Авио компаниите годишно гуабт 25 милиони торби
На корисниците на Твитер не им требало долго да ја осудат оваа објава која е објавена на петгодишнината од несреќата на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“.
Таа објава е избришана, а потоа следувала нова во која компанијата се извинува.
Тактика на авио-компаниите: Зошто летовите траат се подолго?
– Навистина сакаме да ви се извиниме. Објавата е базината на факти кои се достапни во јавноста и тоа не е став на компанијата. Не ни беше намерата некого да повредиме, наведуваат од таму.
Image by Free-Photos from Pixabay