Авганистанец заврши на Клиниката за токсикологија, а Ирачани на Хирургија

Сподели со своите пријатели

Бегалец од Авганистан, вчера во 9:30 часот ор Бегалскиот камп на Табановце е префрлен на Инфективното одделение, каде по извршените здравствени прегледи и конзилијарни мислења примил потребна терапија и со возило на Општа болница – Куманово бил префрлен на Клиниката за токсикологија во Скопје, поради тежината на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден две лица од Иран завршиле на Одделот за хирургија во кумановската болница, поради болки во стомакот. При извршените здравствени прегледи (интервенција и лабалаторија), им била дадена потребната терапија и истите биле ставени на набљудување во дневната болница.

По стабилизирањето на состојбата истите биле вратени на Транзитниот пункт – Табановце.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.