Авганистанец итно опериран во кумановската болница

Сподели со своите пријатели

Едно лице, државјанин на Авганистан е хоспитализирано во кумановската болница во текот на вчерашниот ден информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Лицето поради компликации со здравствената состојба било итно префрлено на Хирушкото одделение во Општа Болница Куманово, каде по направените испитување е задржан на натамошно болничко лекување, односно извршена му е итна операција.