Авганистанец брутално претепан и ограбен во село Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 18,30 часот во СВР-Куманово, С.А. (31) од Авганистан пријавил дека на 16.01.2018 година околу 19,00 часот бил депортиран од страна на полициски службеници од Република Србија на територијата на Република Македонија во реонот на селото Лојане.

Потоа пристигнал во с.Ваксинце каде преноќил две ноќи во куќа кај непознато лице за што му платил 40 евра. На 18.01.2018 година околу 12,00 часот си заминал со намера да оди во кампот во Табановце, но во с.Ваксинце бил нападнат со нож од едно лице кој му нанел расекотина на лицето во пределот на левиот образ, а други неколку лица го удирале со тупаници и клоци во предело на телото, по што му одзеле мобилниот телефон и 600 евра, а потоа го напуштиле местото на настанот.

Оштетениот побарал помош во канцеларијата на Црвениот Крст во с.Лојане и со нивно возило бил пренесен транспорниот центарот во Табановце, по што настанот го пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.