Авганистан: Земја во која жените немаат никакви права

Сподели со своите пријатели

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан Роза Отунбаева денеска на Меѓународниот ден на жената соопшти дека Авганистан под владата на талибанците сѐ уште е земја која ги третира правата на жените и девојките најлошо од сите земји во светот.

Loading...

Отунбаева додаде дека е „вознемирувачки“ да се видат „намерни и систематски напори“ на талибанската влада да ги истисне жените и девојките од јавната сфера во Авганистан, пренесува АП.

Половина од населението на Авганистан е принудено да остане дома во екот на една од најголемите светски и економски кризи, а тоа е чин на „национално самоосакатување“ во огромни размери, посочи таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

– Сите Авганистанци, не само жените и девојчињата, со овој чин ќе бидат осудени на сиромаштија и долгорочна зависност од хуманитарна помош – нагласи Отунбаева.

Авганистан ќе биде се поизолиран од сопствените граѓани и од остатокот од светот, заклучи шефот на мисијата на ОН за Авганистан.

Мисијата на ОН, исто така, објави дека откако Талибанците дојдоа на власт во Авганистан во август 2021 година, забележано е речиси постојана дискриминација на жените и континуирано усвојување мерки кои ги ограничуваат нивните права.

На девојчињата им е дозволено да одат на училиште само до шесто одделение, а на Авганистанките не им е дозволено да се појавуваат на јавни места како што се паркови и спортски сали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Меѓу другото, на жените во Авганистан им е забрането да работат во владини и невладини организации.

Loading...