Авганистан: Во експлозија на цистерна загинаа над 30 лица

Сподели со своите пријатели

Најмалку 31 лице загина во експлозија на цистерна со гориво што се случи во тунелот Саланг, единствениот премин што ги поврзува северните провинции на Авганистан со главниот град Кабул.

Loading...

Шерафет Заман, портпарол на Министерството за здравство на привремената влада на Талибанците, изјави дека уште 37 лица се повредени во експлозијата.

Силна експлозија предизвика пожар во кој изгореа бројни возила во тунелот.

„Има луѓе заробени под урнатините. Продолжуваме со акцијата за пребарување и спасување. Стравуваме дека бројот на жртви може да биде значително поголем“, рече Заман.

Тунелот сѐ уште е затворен за сообраќај поради експлозијата. Пожарот кој избувна по експлозијата ги зафати и камионите кои превезуваа јаглен.

Според првичните информации, експлозијата настанала како последица на превртување на цистерната.