Авганистан: Над 20 лица починати од „мистериозна“ болест

Сподели со своите пријатели

Најмалку 21 лице почина од „мистериозна“ болест во североисточен Авганистан, соопштија локалните власти.

Loading...

Болеста се проширила во областа Вахан, во планинскиот регион Памир, каде медицинските тимови работат на утврдување на точната природа на болеста, пренесува Танјуг.

Во претходните две недели, 21 лице почина, додека талибанското Министерство за здравство објави дека медицински тимови го истражувале и регионот во близина на соседен Таџикистан.

За девет дена 78 луѓе измрзнале до смрт

Најмалку 78 луѓе загинаа во различни делови на сиромашниот Авганистан, каде екстремно студените временски услови, во комбинација со недостигот на ресурси за затоплување на нивните домови, го направија својот данок, јавува Анадолија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Шафиула Рахими, портпарол на Министерството за природни катастрофи на привремената влада на талибанците, изјави дека 78 лица премрзнале до смрт во изминатите девет дена.

Авганистанскиот метеоролошки институт соопшти дека температурата на воздухот е двојно пониска во однос на минатата година.

Минус 34 степени се забележани во областа Гор, што е најниска температура во земјава.