Авганистан: Бомбашки напад врз гувернер, загинаа осум лица

Сподели со своите пријатели

Во самоубиствен напад со автомобил-бомба, чија цел бил гувернерот на авганистанската провинција Лагман, Рахматула Јармал, загинаа осум лица, а 30 се повредени. Гуверенерот не е повреден, јави германската новинска агенција ДПА.

Loading...

Меѓу загинатите четворица се цивили, а четворица челнови на обезбедувањето. И меѓу ранетите има цивили.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но во тој регион се активни терористичката Исламска држава и талибанците. Обете екстремистички групи претходно озвршиле бројни напади врз пртеставници на авганистанската власт, персонал за национална безбедност и одбрана, но и цивили. Според Мисијата на ОН во Авганистан, најмалку 1.282 цивили се убиени, а 2.176 ранети во првите шест месеци од годинава.

Насилството се случува во време кога талибанците и авганистанската власт одржуваат историски мировни преговори во Катар, каде талибанците отворија политичка канцеларија кога беа урнати од власт во 2001 година во инвазијата на САД во Авганистан.


Leave a Reply