Ауди ноќва изгоре во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило марка „Ауди“ ноќеска е опожарено во населбата Иго Тричковиќ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Теритроијалната противпожарна единица Куманово во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно провитпожарно возило во период од 03:35 до 04:45.

Причинета е материјална штета чија висина, но и причина за избуванување на огнот засега не се познати.

Кумановските пожарникари изминатото деноноќие бележат уште една интервенција, на запалена сува трева кај амбулантата во населбата Перо Чичо. Интервенцијата траела од 11:35 до 11:51 часот, а во неа учествувале тројца пожарникари од ТППЕ Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply