„Ауди“ излета на влезот од Куманово: Две лица завршија во болница

Сподели со своите пријатели

Двајца српски државјани се повредени, од кои едниот потешко, откако со својот автомобил излетале од коловозот на влезот од Куманово.

Loading...

– На 10.12.2021 околу 21,35 часот на исклучок од автопатот „Пријателство“ за влез за Куманово патничко моторно возило „ауди“ со српска национална ознака управувано до  М.Н.(32) од Република Србија излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сопатниците А.В.(27) и М.В.(29) се пренесени во општа болница Куманово, каде кај А.В. се констатирани повреди а кај М.В. се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски