Ауди и куќа изгореа во пожар во Куманово. Едно лице приведено!

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишник од Куманово бил приведен денеска под сомнение дека предизвикал пожар во кој изгореле возило и напуштена куќа.

Loading...

– Денеска (14.08.2025) во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата,  во населбата Карпош, поточно локалитетот Никуљски пат, предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица приведени по групна тепачка во Гарнизон