Атлетико бара замена за Гризман

Сподели со своите пријатели

Маријано Дијаз од Лион може да го замени Антоан Гризман во Атлетико Мадрид во текот на летото, тврди денеска шпански „Ас“.

Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне гледа во 24-годишниот стрелец идеален заменик на францускиот репрезентативец.

Покрај тоа, Дијаз ја познава ситуацијата во Ла Лига, откако беше дел од Реал Мадрид, пред да биде продаден на еден од најдобрите француски тимови.

Во тековната сезона, играчот има 33 натпревари и 16 гола за францускиот тим, а исто така направи и шест асистенции.

За Гризман, од своја страна, интерес пројавуваат и Манчестер Јунајтед и Барселона. /МИА

Leave a Reply