Астронаутка на НАСА планира да гласа од вселената на изборите во САД

Сподели со своите пријатели

Астронаутката на американската вселенска агенција НАСА, Кејт Рубинс, денеска изјави дека планира да гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните избори во САД.

Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде со двајца други космонаути се подготвува кон средината на октомври да бидат лансирани кон Меѓународната вселенска станица. Тројцата таму треба да останат шест месеци.

Loading...

„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето ќе можат да го сторат тоа и од земја“, изјави Рубинс за американските медиуми.

Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, во сојзуната држава Тексас, која на своите граѓани им овозможува да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.

„Во нашата демократија клучно е да учествувате на изборите. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената“, рече Рубинс.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *