Арсовски: Со засилено темпо продолжуваат подготовките за теренскиот попис во септември

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираше за заклучоците и одлуките донесени на 88-мата седница на Владата и одговараше на теми од интерес на јавноста и новинарите.

Loading...

На почетокот од прес-конференцијата портпаролот Арсовски соопшти дека со засилено темпо продолжуваат подготовките за спроведување на теренскиот попис во септември. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори. Само во текот на првиот ден, вчера, се пријавија 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање на кандидатите и конечен избор кој треба да се направи најдоцна до 15 август по што ќе следи обука.

Арсовски укажа на важноста од спроведување на оваа статистичка операција. Учеството во пописот е одговорност на секој граѓанин кон државата. На тој начин секој од нас придонесува кон држава базирана на податоци, а не на претпоставки. Податоците од пописот се доверливи и заштитени.

Leave a Reply