Арсиќ: Стратегијата е продолжување на планот на претходната Влада, нема градење станови за бегалци

Сподели со своите пријатели

Барањето за свикување на итна седница до денес не е поднесено од ниту еден советник, вели денеска на прес конференција претседателот на Советот на Општина Куманово, Александар Арсиќ, по вчерашното барање на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за свикување итна седница на која ќе се расправа за акциониот план на Владата за интеграција на бегалците.

Според Арсиќ, стратегијата е продолжување на истата која ја донела претходната Влада за период од 2009-2015 година, а ова е само нејзино продолжение кое не било донесено во 2015 година поради бегалската криза која траеше тој период.

Советот не може да свикува итна седница бидејќи како таква не постои во деловникот. Советот работи на редовна, вонредна или свечена седница, од тука констатираме дека нема оправданост на причините за свикување на итна седница.  Министерството за труд и социјална политика ја изработи првата нацрт верзија на новата стратегија за интеграција на бегалци и странци и предлог нацрт национален акциски план за период од 10 години, односно од 2017-2027 година. Истата стратегија ставена на јавен увид на јавноста со цел развивање на сеопфатен документ и МТСП ги поканува сите заинтересирани страни по однос на содржинат аи обемот на документот да достават свои коментари, предлози, забелешки во насока на подобрување на приложениот документ – вели Арсиќ.

Како што додава Арсиќ на редовната седница која ќе се одржи на 30ти овој месец секој советник ќе има право дневниот ред да го надополни со нова точка за која смета дека советот треба да расправа.

На овој начин ќе се овозможи расправа за било кое прашање кое е од интерес на граѓаните, но во исто време ќе бидат запазени сите законски регулативи по кои работи Советот на Општина Куманово – изјави Арсиќ.

Арсиќ додава дека опозицијата шири невистини дека стратегијата предвидува дека Македонија ќе биде место за престој на бегалците.

Морам да кажам дека во оваа нацрт стратегија никаде не стои и нема да стои дека ќе се градат нови станови, дека ќе се градат нови кампови, дека ќе се дадат државјанства на било кој, кој не припаѓа овде во Македонија или пак некои други насоки кои не се во интерес на граѓаните на Куманово или во интерес на граѓаните на Република Македонија. тоа се гледа и со фактот дека во 2016 година кога се заврши оваа бегалска криза, тогаш во камповите во Гевгелија и Куманово имаше 1.600 бегалци, а сега смао 40. Тоа се 13 во кампот во Гевгелија и 27 во кампот на Табановце. Тоа ни покажува дека бегалската криза е завршена и бегалците не се тука за да останат, туку во транзит – додава Арсиќ.

Во 2012 година, тогашниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски испратил допис до Општина Сарај каде стои дека МТСП аплицирало до ИПА фондот за изградба ан 100 станбени единици.

Loading...